Project Description

ПОГЛЕДНЕТЕ ДРУГИ ПЕРНИЦИ

СИТЕ ПЕРНИЦИ

DUAL CLIMA

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Перничката DUAL CLIMA е изработена со револуционерен вискоеластичен материјал, кој одлично се прилагодува на обликот на главата и вратот. Во самата перничка има инсертиран дел со CLIMA FRESH MEMORY пена која преку специјалниот ULTRAFRESH третман со кој е изработена ги искористува предностите на среброто кое на природен начин се спротиставува на бактериите и мувлата и го спречува нивното размножување за повеќе од 95% со што ви овозможува здрав сон. Истовремено, CLIMA FRESH MEMORY пената има терморегулаторна функција и овозможува и чувство на свежина.
Овие карактеристики на тотална приспособливост и заштита од алергии и бактерии ја прават перницата врвна, приспособлива за еден нов начин на спиење. Способноста на материјалот да се прилагодува на главата и вратот и потоа да се враќа во неговиот природен облик без да се создават потисни точки и притисок гарантира отпимален одмор.

СОСТАВ НА НАВЛАКА
Внатрешната навлака: 100% памук
Надворешна навлака: Probiotic system
Навлаката на перницата е специјално изработена по Probiotic System кој помага во природното намалување на алергии и астма благодарение на природните пробиотици кои го спречуваат растот на мувла и бактерии и уништуваат прашински грини. Оваа двојно патентирана технологија е 100% органска. Пробиотиците се сместени во материјалот во форма на микрокапсули кои се активираат за време на користењето на перницата и ја одржуваат свежа и чиста.
Прекривките се отстрануваат и се перат на 30°C.

  • Достапни висини: 12цм

 МЕДИЦИНСКИ ПРОИЗВОД

ПОГЛЕДНЕТЕ ДРУГИ ПЕРНИЦИ

СИТЕ ПЕРНИЦИ