Употреба и одржување

Следете ги насоките кои ги подготвивме за правилна употреба и соодветно одржување за вашиот нов душек од PerDormire.

Душекот треба да се отвори најдоцна една недела по приемот.
• Да се обезбедат оптимални услови за користење на душекот (да не се изложува на влага и на сонце).
• Се препорачува стриктно душекот да биде поставен на латофлекс со цел подобра вентилација на душекот. Латофлексот е најдобро да биде дрвен затоа што за разлика од металот е транспирантен материјал. Важна причина е и тоа што металните латофлекси многу лесно рѓосуваат и подоцна рѓата од латофлексот се префрла на самиот душек.
• При отварање на амбалажата на душекот треба да се остави 10-12 часа за да ја постигне потребната висина.
• Секојдневно во текот на 15 денови, душекот треба се преместува БЕЗ да се превртува, така што делот каде што се нозете доаѓа на местото на главата и обратно, за да се овозможи подобра стабилност на душекот(ова се однесува за видовите на душеци каде што посебно се бара наведеното).
• Несоодветната подлога може сериозно да ја оштети стабилноста на Вашиот душек. Користете подлога од дрвени летвички или нееластична подлога што се проветрува, со истите димензии, меѓутоа не помала од димензиите на Вашиот душек.
• Отстапувањата во однос на должината и широчината кај душекот се движат од +/- 2 сантиметри (отстапувањата се во согласност со UNI 10707 стандардите и дополнителните измени; мерки во согласност со UNI EN 1334 стандардите).

ВАЖНО: Секогаш се спие на страната на којашто се наоѓа етикетата со Visco Mind.

• Надворешната покривка се пере на 30 степени поединечно од двете страни.
• За правилно отстранување на нечистотиите од обвивката на душекот, следете ги упатствата на етикетата на производот.
• Обвивката на душекот за спиење се чисти на секоја 1-2 години за да не дојде до предизвикување на здравствени проблеми и со цел одржување на хигиената. Душеците од латекс и од полиуретан (винил материјал) не смеат директно да се изложуваат на сонце. Како идеално решение за редовно чистење се препорачува мека четка.
• Создавање на мали топчиња на површината на душекот
-Чаршафите и ноќната облека содржат синтетички влакна што може да предизвикаат создавање на мали топчиња на обвивката на душекот. Создавањето на ваквите топчиња не се опфатени со гаранцијата.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВАШИОТ ОДМОР ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:

• Да се избегнува присуство на домашни миленичиња во Вашата соба за спиење, а најмногу да се избегнува нивно присуство на Вашиот кревет.
• Да се избегнува употреба на цигари во присутво на Вашиот душек.
• Користете мека памучна облека што не предизвикува потење.
• Користете секогаш подлоги, покривки и заштитни слоеви што испаруваат.
• Секојдневно во текот на 15 денови, душекот треба се преместува БЕЗ да се превртува, така што делот каде што се нозете доаѓа на местото на главата и обратно, за да се овозможи подобра стабилност на душекот(ова се однесува за видовите на душеци каде што посебно се бара наведеното).
• Превртување на душекот секојдневно во текот на 15 денови, така што долниот дел станува горен и обратно, за да се избегне и да се спречи задржување на влагата(ова се однесува за видовите на душеци каде што посебно се бара наведеното).
• Прочистување на воздухот во собата за спиење дури во текот на зимскиот период и оставање на душекот непокриен неколку часови во текот на денот.
• За квалитетен одмор и пријатен сон, идеалната температура во Вашата соба за спиење треба да биде околу 18 °.
• Редовно чистење на површината на Вашиот душек со правосмукалка.

Несоодветната подлога може сериозно да ја оштети стабилноста на Вашиот душек. Користете подлога од дрвени летвички или нееластична подлога што се проветрува, со истите димензии, меѓутоа не помала од димензиите на Вашиот душек.

Обвивките на душекот, што се добиваат во специјална кеса со патент, подложат на чистење доколку истото е наведено на етикетата. При чистење на обвивката на душекот (доколку тоа е наведено) се внимава на следното:
• Температурата и начинот на миење: следете го упатството на етикетата.
• Пеглање: не се препорачува.
• Цедење на водата: рачно или машинско(на центрифуга), не повеќе од 800 кружни вртења.
• Користење на средство за обелување: да не се користи.
• Сушење: забрането е употреба на машина за сушење, само природно сушење.
За правилно отстранување на нечистотиите од обвивката на душекот, следете ги упатствата на етикетата.
Во случај на неправилно сушење или неправилно користење вода за отстранување на нечистотиите – не важи гаранцијата.
Обвивката на душекот за спиење се чисти на секоја 1-2 години за да не дојде до предизвикување на здравствени проблеми и со цел одржување на хигиената. Душеците од латекс и од полиуретан (винил материјал) не смеат директно да се изложуваат на сонце. Како идеално решение за редовно чистење се препорачува мека четка.

ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА ПОЈАВА НА МУВЛА И КАКО ДА ПОСТАПИТЕ СО НИВ:
– Во период на грејна сезона кога се зголемува нивото на влажност на воздухот во домовите потребна е поголема вентилација за душекот. Во овој период најдобро е почесто да го проверувате душекот и доколку е влажен да го подигнете добро да се исуши. Исто така добро е и самата навлака да ја отстраните и убаво да се проветри и исуши.
Истото ова е добро да се прави и летно време кога повеќе се потиме, затоа што целата таа влага се спушта на дното од душекот и во таа ситуација душекот има потреба од поголема вентилација, може да го свртите душекот неколку часа за добро да се исуши од долната страна.
– Потребно е често проветрување и на самата просторија во која е сместен душекот
– Доколку просторијата во која е сместен душекот е скоро реновирана и ѕидовите глетувани, голема е веројатноста за појава на влага затоа што ѕидовите уште испаруваат. Во оваа ситуација исто треба почесто проветрување на собата и подобра грижа за душекот како што е погоре наведено.
– Креветот на кој е сместен душекот треба да биде подигнат со ногарки и поставен на латофлекс со цел подобра циркулација на воздух за душекот и се препорачува просторот долу да биде празен.