Материјали


Овој материјал, со неверојатна способност за дишење, се користи главно за да се оформат краевите на душекот, со цел да гарантира одлична аерација, односно константно струење на воздухот. Тоа 100% ги елиминира сите форми на влажност кои може да се појават внатре во душекот, со цел да обезбеди поздраво и релаксирачко одмарање.

Микрокапсули кои во себе содржат гел од алое вера, познат уште од многу одамна по неговите бројни бенефити (анти-инфламаторни, аналгетски, анти-оксидантски), се вметнати во материјалот, односно ткаенината за време на изработката. Со самиот контакт на кожата со душекот или со едноставно движење, овие микрокапсули ги ослободуваат супстанците кои ги содржат, кои имаат позитивно влијание на функциите на самото тело, резултирајќи со длабока релаксација и благосостојба.

Високо еластичен, издржлив, и отпорен на набори материјал добиен од бамбус, кој ги задржува идентични карактеристиките дури и после многу перења. Шупливата структура од бамбусови влакна и дава на ткаенината да дише слободно, да ја контролира влажноста на телото и да ја задржи топлината, која резултира со свежина и релаксација особено за време на топлата сезона. Низ бамбусовите влакна има исто така и пектин од мед, кој е богат со смирувачки и нутритивни својства за клетките на кожата.

Bayscent® микрокапсулите се селективо активирани на ткаенината со цел да спречат ширење на бактеријата која причинува неудобни мириси. Токму спротивно од традиционалното користење на мирисите за прикривање на несаканите мириси, кои се често не ефективни и во секој случај краткотрајни, Bayscent® третманот ги елиминира несаканите мириси и и дава на ткаенината удобна, чиста арома. Bayscent® третираната ткаенина е активна во три нивоа: значително го намалува испарувањето на несаканите мириси, неутрализира дегенеративни бактериски дејствија, делувајќи на рецепторите и ја освежува средината со деликатен парфем. Третманот не го менува оригиналниот квалитет на влакното, овозможувајќи му адекватно дишење на телото при спиење. Третманот е исто така достапен и кај Bayscent® Aloe version. Микрокапсулите содржат есенција од Алое Вера, која нуди неверојатно корисни доблести.

Ова антимикробно и антистатично влакно е составено од посебно вискозно влакно со додавање на одреден процент сребрени и јаглеродни влакна. Кога сребрените јони ќе се сврзат со ензимите од микробните клетки, тие спречуваат дејствија или полиферација, така одржувајќи антимикробни дејствија. Ирадијацијата (задржување на топлината од човечкото тело) и рефлексијата (пренесување на истата топлина во внатрешноста) на сребрените влакна значи дека Biocell Fusion е исто така способен да ја регулира телесната температура. Јаглеродните влакна пак брзо разнесуваат било какви полнења од електрицитет кои можат да се акумулираат во текот на ноќта.

Комфор и свежина. Coolmax® е водич кај ткаенините за управување со влажноста на телото. Благодарение на неговите својства, создава одлична контрола при регулирање на температурата на кожата и хидратацијата на телото, и овозможува влажноста што се создала во текот на ноќта да се отстрани од телото.

Jacquard текстилот, каракте ризиран од неговите типични ткаенини и модели, е избор кој е во корист на традицијата но нуди и еластичност и комфор при спиењето. Jacquard Lurex прекривката е удобна, еластична, потполно се отстранува и се пере. Друга карактеристика е тоа што самата ткаенина гарантира здравје и хигиена таму каде што е наместена.

Благодарение на неговиот квалитет, ленот е сеуште иновативно влакно: поради високата моќ на апсорпција на влажноста во воздухот и испарување на течностите, со брзо елиминирање на влагата и топлината. Ленот е општо познат по неговите неминовни квалитети на свежина и комфор. Може да се пере многу често и покрај тоа нема да ја изгуби својата првобитна форма со текот на времето. Не предизвикува алергии бидејќи поседува природна размена на топлина и влажност, исто така е антистатички бидејќи ги задржува електростатичните полнења.

Genesi има посебен состав, во кој јаглеродните влакна, сребрените и сојата се комбинираат за да создадат тотално уживање. Јаглеродните влакна му овозможуваат на телото да го испразни електрицитетот акумулиран во текот на денот. Неверојатните антимикробни својства од сребро создаваат природна заштита против микробите и бактериите. За крај, сојата овозможува комфор при допирот и дава чувство на заштита како втора кожа.

Технологијата базирана на нанотехнологија, користи Nanotex® честички за да создаде молекурална структура од влакна и да создаде ткаенина која нуди супериорна удобност. Третманот станува фундаментален дел од материјалот. Илјадници честички се прицврстени длабоко на влакната од материјалот, држејќи ги молекулите од земјата на дистанца. Подолготраен од традиционалниот третман, овој третман го одржува комфорот, чувството и дишењето на материјалот. Течности како вино, сок и кафе, кои создаваат дамки, се формираат во форма на капка и се тркалаат без да бидат апсорбирани. Со Nanotex® материјалот, телесната транспирација се апсорбира во чаршафите, кои се перат редовно, а не од душекот.

Технологијата Outlast® е основана и развиена во склоп на NASA за да им овозможи на астронаутите да остануваат т.е да се задржуваат подолги временски периоди во космосот.Денес, Outlast® се здоби со “Сертификатот Космос-Технологија”,признание затоа што допринесува за подобрување на комфорот на илјадници луѓе.Самиот процес на произведување ги балансира температурните осцилации, впивајќи ја вишок топлината и ослободувајќи ја само кога е потребно.Резултатот т.е постигнувањето е тоа што одржува стабилна температура којашто ја намалува транспирацијата.Адаптирајќи се на микроклимата на кожата, Outlast® спречува прегревање ,а исто така го спречува и непријатното чувство на ладно и на тресење,со што се обезбедува 100% гарантиран најквалитетен сон што може да се има.

Medic+Area® е високо иновативен процес на производство којшто достигнува изненадувачки резултати во борбата против мувла и бактерии. Крајниот резултат е апсолутно стерилен производ којшто е целосно ослободен т.е заштитен од мувла,бактерии и молци.Добиениот производ е исто така анти-алергетски и е многу хигиенски затоа што третманот Medic+Area® не употребува хемијско-синтетички фабрикати,но само целосно природни материјали.

Пробиотикот е третман којшто целосно ги отстранува алергиите и астмата на комплетно природен начин.Со употреба на активните пробиотици коишто забрануваат зголемување на мувлата и растење на бројката на бактерии и со чистење на трошките алгергенси ,Пробиотикот го оддржува твојот кревет чист и здрав.Оваа дупло патентиратана технологијата е 100% еколошка,природна и интелигентна,креирана за да даде едно многу освежувачко ноќевање т.е спиење.Пробиотската микрофауна е вградена во прозиводот во форма на микро-капсули на честички (како семето на цвеќе).Овие одберени микро-организми се неактивни се додека не се ослободат од контактот т.е судирот помеѓу телото на спијачот и душекот.

Scensic® технологијата ја испорачува психологијата на ароматерапијата во материјалите, делувајќи на поврзаноста помеѓу аромите и умствената состојба. Проучена во три различни мириси: лаванда, зелен чај и лондри. Лавандата и зелениот чај имаат лековити својства: нивната арома со смирувачки и балансирачки ефекти го ослободува физичкиот и емоционалниот притисок, и со тоа станува природен лек за несоница, приредувајќи вистинско уживање. Лондри материјалот пак, од друга страна, има мирис на чистота комбиниран со цветни ноти. Посебните мириси на Scensic® во посебниот третман на микро-енкапсулирање (уникатен третман каде што парфемот се става во површинското ткиво на ткаенината) и истиот тој мирис се ослободува за време на спиењето со самото движење на телото, а нашиот ум и кожа го чувствува тоа.

Сребро, најефикасен против микробите и со најголема моќ на електрична спроводливост, кој брзо ги разградува неудобните полнења на електрицитет. Сребрениот конец трајно се поврзува со полимерот со цел да гарантира трајни антимикробни дејствија. Неговите светли и рефлективни својстава ја регулираат температурата на телото. Овие дејства се трајни и издржливи и после многубројни перења.

Меко како свила. Оваа ткаенина е направена од влакно со посебна вискоза кое е тотално биоразградливо. Изгледа како свила со богато разиграни бои. Soft Care е ексремно пријатен, мек и удобен и Ви дава неверојатно чувство на свежина и удобност. Ја апсорбира влагата, самиот материјал дише и останува во првобитната состојба и после долга употреба.

Super Soft Cashmere ткаенината, благодарение на неверојатниот ефект од драгоценетото влакно по кое е именуван, се карактеризира со ексклузивна мекост, препознатлив на допир, кој, го придружува вашиот одмор со топлина и нежна прегратка.

Stretch е плетена ткаенина составена од 100% антиалергенско влакно, идеална антиалергенска ткаенина. Повеќето примени се за прекривки кои можат да се вадат од душеците, бидејќи перењето е толку лесно со нив и имаат привлечен сјај.

Tencel® влакното е од природно потекло и се состои од целулоза, главниот дел од клетките на растенијата. Сировиот материјал е од дрво а процесот на производство еколошки одржлив. Материјалот е тотално биоразградлив и биолошки. Како кај сите природни влакна, контактот со кожата нуди чувство на мекост. Загарантиран комфор благодарение на моќта за дишење и апсорпција на влажноста.

Употребата на неалергенско влакно во поставата (полнењето) има многу позитивни страни за здраво и удобно спиење. Од отпорност на мувла и непробивност до микро-организми од сите типови, антиалергенските постави (полнења) нудат одлична ефикасност и се сојузници за удобност во спиењето. Се перат и во машина исто така.

Обичниот Visco Mind® е перфориран со серија на вентилирачки дупчиња кои одлично го зголемуваат циркулирањето на воздухот и ја намалуваат влажноста за беспрекорно дишење и апсолутен конфор на душекот.

Ова е иновативен материјал составен од само-моделиран Visco Mind® со додаток од одбрани есенцијални масла со цел да го подобрат спиењето. Има ниско ниво на влијание врз средината бидејќи е создадено без користење на уништувачки и неконтролирани средства за пена и поради тоа што наместо синтетичка, се користи природна состојка како супститут. Овој продукт е перфориран со серија од вентилирачки дупчиња кои одлично го зголемуваат циркулирањето на воздухот и ја намалуваат влажноста за беспрекорно дишење и апсолутен конфор на душекот.

Bio Foam Soya HR (High Resilience) е составен од микс од екстракти од необработено природно масло од соја и претставува одлична симбиоза од модерно и природно. Маслото од соја ги има сите хигиенски и позитивни карактеристики за да се создаде материјал со посебна еластичност кој трансмитира чувство на свежина, адекватна влажност и удобност при спиењето. Bio Foam Soya HR (High Resilience) има ниско ниво на влијание врз средината бидејќи е создадено без користење на уништувачки и неконтролирани средства за пена и поради тоа што наместо синтетичка, се користи природна состојка како супститут.

Bio Soya Mind е еволуција на Bio Foam Soya HR на кое му е додадено Visco Mind®. Адаптирајќи се на тежината и формата на телото, ја подобрува позицијата на кичмата и пршлените во текот на спиењето, без да создаде притисок. Bio Soya Mind има ниско ниво на влијание врз средината бидејќи е создадено без користење на уништувачки и неконтролирани средства за пена и поради тоа што наместо синтетичка, се користи природна состојка како супститут.

Извонредниот материјал се адаптира на тежината, притисокот и температурата на телото, пружајќи непроценлив комфор. Збогатен само со природни состојќи, како есенцијални масла, кои се претходно проучени со цел да гонподобрат спиењето и да го намалат стресот. Bio Visco Mind® има ниско ниво на влијание врз средината бидејќи е создадено без користење на уништувачки и неконтролирани средства за пена и поради тоа што наместо синтетичка, се користи природна состојка како супститут.

Bio Waterfoam е полиуретанска пена составена од вода и сирови материјали добиени од обновливи извори како есенцијални масла проучени со цел да го подобрат спиењето и да го намалат стресот. ® Bio Waterfoam има ниско ниво на влијание врз средината бидејќи е создадено без користење на уништувачки и неконтролирани средства за пена и поради тоа што наместо синтетичка, се користи природна состојка како супститут.

Bonnell steel springs се познати по тоа што нудат традиционален комфор. Секој би-конусен федер е направен од патентирана фосфатно челична жица. Посебниот третман ги прави федерите отпорни на деформација. Тие се соединети со спирала со цел да се поврзат совршено и да функционираат заедно.

Овие душеци се составени од повеќе федери, секој посебно вметнат во посебен џеб. Ова овозможува секој федер да работи независно од сите други и да се адптира совршено на секој посебен дел од телото. Поддршката е распределена во 7 зони на цврстина со користење на челични жици од различни дијаметри. Достапни во микро-федер верзија (над 1500 федери во душекот за дупли кревет) и нормална верзија (околу 900 федери во душекот за дупли кревет).

Овој посебен материјал нуди супериорни технички својства. Го подобрува душекот со екстра мек допир и посебено чувство при спиењето. Се препорачува за сите оние кои го сакаат чувството на мек производ кој совршено се адаптира на контурите на телото, а во исто време ја одржува природната цврстина на душекот.

Овој е нов материјал. Флексибилна полиуретанска пена помешана со посебни микоркапсули наречено ПСМ, кои ја апсорбираат топлината од човечкото тело и одржуваат стабилна температура во внатрешноста на материјалот. На тој начин, полиуретенот се здобива со неверојатен капацитет да остане свеж и да спречи покачување на температурата при присуство на човечко тело на подолг временски период.

Sea Foam е иновативен материјал добиен од еволуцијата на природните морски сунѓери и произведен вештачки со синтетички материјали. Добро познатите својства на морскиот сунѓер се имплементирани, усовршени и подобрени со средства на иновативен процес за правење пена кој создава продукт со ексклузивен капацитет за дишење. Долгите полно-дебели клетки, кои се десет пати поголеми од оние на нормалната полиуретанска пена, овозможуваат циркулација, но пред се, простор за воздухот кој се ослободува во контакт со телото, одржувајќи ниско, контролирано ниво на влажност во душекот. Оваа карактеристика исто така создава ефект на совршена цврстина, бидејќи воздухот внатре во материјалот фукционира како серија мали пернички кои совршено се адаптираат на секоја тежина и контура на телото.

Soft Gel® е тотално не-токсичен полиуретански материјал кој не се оштетува или остарува, одржувајќи еластичност. Неговиот суштински квалитет е способноста да ја распоредува тежината на телото, односно ја адаптира формата на телото на себе. Фундаментален дел за добар одмор е контолирањето на телесната температура, а Soft Gel® е идеален поради неговиот низок индекс на термална спроводливост. Потребни му се околу три часа за да детектира одредено покачување на температура и со самото тоа ја намалува својата температура неколку степени пониско од телесната температура. Тоа ја подобрува циркулацијата на крвта, кислородот во ткивата и создава удобно чувство на свежина.

Visco Mind® e со средна густина (приближно 50 кг/м3) само-моделирачки материјал без CFC емулзифициран со вода кој има еластичност. Оваа вискозно еластична пена има неверојатен ергономски квалитет и се адаптира на контурите на телото со бавна дистензија без да изврши било каков отпор. И дава правилна потпора на кичмата, а воедно е антибактериски и антиалергенски.

Visco Mind® HD e само-моделирачки материјал со високо ниво на густина и еластична меморија (приближно 95 кг/м3). Молекулите на материјалот се спакувани цврсто и споено со цел да гарантираат поголема издржливост на телото на самиот душек, исто така ги намалуваат точките на притисок. Високата густина е еден вид лек за многубројни патолошки проблеми (болки во грбот и вратот) кои се предизвикани од слаб одмор во текот на ноќта.

Waterfoam е без CFC полиуретанска водена пена која го олеснува распределувањето на тежината на телото и индуцира релаксација на мускулната маса. Достапна е во многу различни густини и степени на цврстина со цел да се создаде чувство на одмор и комфор.

Латексот е супстанца произлезена од Hevea Brasiliensis растението, преку сечење на кората за да се затвори млечниот флуид кој излегува. Латекс пената произлегува од вулканизацијата на млечниот флуид. Според бројни истражувања, овој материјал може да реши многу алергиски проблеми кои се појавуваат се почесто секој ден. Природната еластичност на латексот му овозможува да се приспособува, точка по точка, на секоја позиција на телото, така да ги одржи евидентните ортопедски предности.

Иновативниот Climalatex® материјал нуди луксузен комфор. Climalatex® технологијата ги комбинира предностите на Dunlopp процесот (трајност) со Talalay процесот (воздушна вентилација), резултирајќи во: – Оптимално ортопедско телесно помагало. – Ги намалува точките на висок притисок кои го спречуваат протокот на крв. – Антибактериски, отпорен на прашина. – Висока издржливост и униформност. – Супериорна само вентилација и регулирање на влажноста која се созадава поради структурата на отворени келии и илјадници перфорации.

ЕКСТРА МЕКО ПЕНАСТО ПОЛНЕЊЕ
Својството на овој материјал е технички супериорно од онаа на нормалното полнење. Всушност, тоа овозможува екстра мек ефект бидејќи е десет пати помек од оној на традиционалните полнења. Посебниот обвиткувачки ефект кој го создава за време на одморот, односно спиењето го подобрува самиот душек. Се препорачува за сите они кои го обожаваат чувството на меки производи кои се адаптираат совршено на контурите на телото, во меѓувреме одржувајќи природна цврстина на душекот.

ПАМУЧНО/ВОЛНЕНО ПОЛНЕЊЕ
Природните својства на памучното полнење прават да се постигне совршен релаксирачки комфор дури и кога е најжешко. Природните својстава на волненото полнење пак овозможуваат да се постигне вистинската температура на топлина и кога е најладно.

ПОЛНЕЊЕ ОД ИЗОЛАЦИОНО АНТИАЛЕРГЕНСКО ВЛАКНО
Антиалергенското влакно во полнењето има повеќе предности, пред се да се спие во хигиена и комфор. Отпорно на мувла и микроорганизми, антиалергенското влакно е полнење со високи перформанси и одличен созујник за добар одмор во текот на ноќта. Се пере во машина за алишта.

Visco Mind® полнењето e само-моделирачки материјал без CFC емулзифициран со вода кој има еластичност. Оваа вискозно еластична пена има неверојатен ергономски квалитет и се адаптира на контурите на телото со бавна дистензија без да изврши било каков отпор. И дава правилна потпора на кичмата, а воедно е антибактериски и антиалергенски.

Употребата на Clima Fresh® во полнењата нуди термален комфор кој се добива со додавање на посебни микрокапсули РСМ, кои ја апсорбираат топлината од човечкото тело и одржуваат стабилна температура во внатрешноста на материјалот. На тој начин, полиуретенот се здобива со неверојатен капацитет да остане свеж и тогаш кога е во контакт со човечко тело. Нуди и хигиенски комфор исто така, бидејќи поседува високи хигиенски квалитети и способност за дишење на полиуретанска пена. Осврнувајќи се на природната способност на среброто да ја спречи бактериската полиферација, една од примарните причини за астма, алергија и мувла, има способност да ја намали мувлата и бактериската полиферација до над 95%.